Апулија - наш пат до успехот

Day 1,331, 14:23 Published in North Macedonia North Macedonia by STEFANPIPO

Предупредување: Долга статија

Апулија, регион на на “дното на Апенинскиот Штикла“. Богат со риба, која ја имаме во избилство, но сепак тој регион е наш пат до успехот, а сето тоа благодарејќи на неговата местоположба.


Местоположбата на Апулија

Во последно време се појавуваат статии, како сме биле марионети на Србија, што и навистина е точно. Во ONE, ние сме второ степена членка. Членка на која и наредуваат поголемите и постари земји, Шпанија, Србија, Унгарија и Полска.

Работите во ОНЕ не се баш нешто најдобри. Во ОНЕ се насетува формирање на кланови и поделби. Во едниот се старите членки на Феникс, а во другиот од ЕДЕН. Нашите ново-стекнати пријателства како постепено да избледуваат. Веќе од поодамна не сум видел некој играч од Шпанија, а од Полска многу ретко да маваат за нас. Исто и од наша страна, порано за време на војнаат со САД, доколку борбите во приоритетната листа на Министерството за Одбрана беа со низок приоритет, а и никогаш на армискиот канал немаше наредби да се мава таму.

Што се однесува на подршката од Унгарија и Србија, ја имаме речиси секогаш, но состојбите не се како порано. ОНЕ се одржува вештачки, што би се рекло “на апарати“ и како што доаѓа времето се насетува крајот, кој и не е така далеку.

Да се вратиме на главното. Еве го мојот предлог: да крениме востание во Апулија и Молисе (подоцна) и да им го одземеме на Србите, а потоа и на Италијанците. После сето ова би ги поврзале сите региони и би добиле 7 ресурси, за разлика од сегашните 5 (што е најмал број од посилните ОНЕ членки). Со преземањето на Апулија, ние би биле подложни на напади од Хрватска. Но сепак нашиот план не е освојување на Хрватска, па затоа доколку тие објават војна наша главна цел ќе биде одржување на териториите. Некои велеа дека ова може да доведе до 5 истовремени фронта (доколку се добро организирани), од кои 2 доста важни, тогаш би можеле да се концентрираме на нив, а со адекватна помош од сојузниците би оствариле успех.

Од ова нема што да изгубиме, само можеме да добиеме. Доколку Хрватска објави НЕ и војна, тогаш сите наши војници би добивале +10% од НЕ, што на долгорочен план не е некоја мала бројка. Исто така би ја подобриле нашата економија и би ги намалиле цените, особено на оружјата. Исто така за време на војна би имале и поголема продажба и поголем обрт на парите, што би можело да доведе до намалување на даноците.

Исто така со овај потег ни ќе си покажеме свое “јас“ пред сите, и ќе им кажеме дека не сме нивни потрчковци и исполнители на желби, туку дека и ние имаме држава и се грижиме за неа и сакаме и таа да напредува.

Доколку ова го исполниме би имале:

1. Риба
2. Добиток
3. Овошје
4. Железо
5. Алуминиум
6. Нафта
7. Шалитра

Останатите 3 тешко би ги добиле. Доколку не го земеме преку Апулија, алуминиумот и железото би ги добиле по многу потежок пат од Средна Европа.

Во многу весници прочитав за наше проширување на исток, односно до Индија, а не освојување на Апулија. Од Апенините ние добиваме шалитра и нафта, а ги нема на Балканот, и ќе ги изгубиме нивните бонуси доколку го префрлиме нашиот главен град таму. Тие 2 ресурси можеме да ги добиеме само во Иран, но знаете какви ни се односите со нив, а нивните со целиот ОНЕ, тешко дека ќе ни ги дадат. Со тоа тие би изгубиле нивни ресурси, што се прикажува како негатива на овој план, а и секако не би било добро од наша страна да ги принудуваме на тоа.

Доколку тоа се случи и ние би се прошириле до Индија, тогаш би требало да освоиме нови 4 земји, што ако се додаде на сегашните 4 би значело 8 истовремени востанија, што навистина би бил преголем залак за нас.

Доколку на крај сето го резимираме, можеме да заклучеме дека овој предлог има доста позитиви, наспрема малкуте негативи.

Според моето мислење ова би било најдобриот потег во овај период.


Апулија - наш пат до успехот
http://tinyurl.com/Apulia


Искрено ваш, STEFANPIPO